Во Битола отворена изложбата „All is dream” на уметникот Илиана Петрушевска

Од:

Во НУ Завод и музеј-Битола поместена е изложба „All is dream” чиј автор е Илиана Петрушевска, графички дизајнер во НУ Музеј на современата уметност – Скопје.

На изложбата презентирани се 48 дела, монотипии, со рачно изработена хартија.

Во изложените дела, централно е поставен кругот, каде низ колажи од стихови од познати музички композиции, филм, поезија , авторката на нејзин своевиден израз ја проткајува повеќеслојноста на идејниот концепт, посочуваат од битолскиот Музеј.

Илиана Петрушевска дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, автор е на самостојни и групни изложби, а за својата уметничка работа често е наградувана.

Изложбата „All is dream” изложена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола ќе биде отворена до 4 ноември.

Би можело да ве интересира

Отворање на новата галерија „Анагор“ со изложба на Зоран Кардула

Ана Ололовска

ДЛУМ го промовираше новиот простор со изложба на претседателите на Друштвото

Ана Ололовска

Изложба на скулптури во МКЦ на македонскиот скулптор Aлександар Eфтимовски

Ана Ололовска

Изложбата „Скопје, одново“ ја раскажува историјата на колекцијата на МСУ – Скопје

Ана Ололовска

„Фрагменти“ на Башески претставена во НУЦК „Марко Цепенков“

Ана Ололовска

Изложба „85 години Попова Шапка” во Тетово

Ана Ололовска