Во Битола отворена изложба „Пејзажна стилизација“ од ликовниот уметник Панде Петровски

Од:

„Пејзажна стилизација“ е најнов 12. по ред творечки циклус на ликовниот уметник Панде Петровски што содржи 40 уметнички дела работени во акрил на платно во годината на пандемија.

Корона периодот го победив со четка, боја и со пренесување на мотиви од предели кои сум ги видел и длабоко меморирал, истакна авторот Панде Петровски на синоќешното отворање на изложбата во Битола.

-Во сите слики доминираат светли и топли бои. Не сакам црнила, темнина. Го сакам сонцето, топлиот колорит на нашето јужно поднебје кое го искажувам со пастелни светли бои. Користам акрил на платно, а применив и други техники или комулирана техника за да ги постигнам посакуваните ефекти. Целата колекција се стилизации на формите да станат витки, чисти, меки и до крај рафинирани, посочи Петровски.

Изложба за отворена ја прогласи градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска со што и формално се одржа првиот културен настан во рамки на годинешниот фестивал „Илинденски денови“.

-Оваа летна вечер е чувство на посебност, но и кога имате ваков ликовен уметник, ваков автор во својот град – исто така тоа е чувство на посебност. Прекрасни се уметничките дела на Петровски и не се сомневам дека ќе приреди нови, рече градоначалничката Петровска во културниот центар „Магаза“ во Битола.

За значењето на изложбата и придонесот во фестивалот „Илинденски денови“ пригодна реч одржа м-р Валентин Соклевски кој нагласи дека Панде Петровски е човек кој во континуитет остава трага во уметноста, во ликовната педагогија, во фолклорната традиција…

-Најновите уметнички креации на Петровски, неговата пејзажна стилизација, неговата изложба е првиот културен настан на фестивалот „Илинденски денови“. Годинава фестивалот го одржуваме под мотото „Старото е ново“, старо гнездо, нови птици. Старото е ново на фестивалот „Илинденски денови“, нагласи Соклевски.

Ликовниот уметник Панде Петровски е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ДЛУМ, во ДЛУБ и во Македонско научно друштво-Битола.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“