Во Битола одбележана годишнина од смртта на Милтон Манаки

Од:

Комуната на власите „Браќа Манаки“ денеска во Битола одбележа 49 години од смртта на првиот снимател на Балканот, Милтон Манаки.

Во комплексот Влашки гробишта каде се наоѓа вечниот дом на Манаки, цвеќе положија делегација на општина Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески, претставници на јавниот и културниот живот во градот, а за делото на Манаки пригодна реч одржа Стефан Хаџи Андоновски, член на здружението.

Во наредниот период општина Битола ќе го возобнови киното на браќата Манаки што се наоѓало на Широк Сокак во овој град. Според проектот поддржан од Министерството за култура и Кинотека на Македонија ликот на некогашното кино „Балкан“ ќе биде вратен со изградба на нов објект на старата локација во кој ќе има постојана музејска поставка, архивски материјал и фотографии, но и предмети од киното на браќата Милтон и Јанаки Манаки.

Како што е познато, некогашното кино „Балкан“ на браќата Манаки во Битола работело во периодот од 1923 до 1939 година кога по еден пожар изгорело до темел. Во киното имало киносала со 395 нумерирани седишта. Филмската програма била обезбедувана од дистрибутерски филмски куќи на Балканот.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов

Синдикатот на битолскиот универзитет го демантира Џафери: Документацијата ја доставивме навремено