Во Битола изминатиов викенд се одржа првиот фестивал за кларинети

Од:

Во Битола изминатиов викенд се одржа првиот фестивал за кларинети „Кларифест – Битола 2019“, кој се состоеше од концерти и семинари за кларинет.

Гости предавачи на семинарите беа истакнати уметници од странство, и тоа Сергеј Петров (Русија) – прв кларинетист и солист на Болшој Театарот во Москва, како и Јакуб Бокун (Полска) – професор по кларинет на Музичката академија во Вроцлав, додека како учесници и слушатели учествуваа ученици од нижите и средните музички училишта од државата.

Во рамките на „Кларифест – Битола 2019“ беа реализирани и два концерти, и тоа – свечено отварање на фестивалот со концерт на ученици од средните и нижите училишта од државата, додека на завршниот концерт настапија споменатите гости од странство, заедно со домашните уметници Ристо Ѓоревски на кларинет и Елена Атанасовска-Ивановска на пијано.

Фестивалот се организираше со поддршка на Министерството за култура, а како партнери се јавија и познатиот бренд за призводство на кларинети Буфет Крампон – Париз, како и Амбасадата на Република Полска во Скопје.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов