„Внатрешната градина“ – самостојна фотографска изложба на Стефан Шашков

Од:

Во Центарот за иновации „Јавна соба“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Внатрешната градина” на визуелниот уметник Стефан Шашков.

Организаторот соопшти дека таа е резултат на ненамерни фотографски медитации низ минливите и менливите моменти на реалноста и по својот илуминиран светлопис ја трансцендентираат истата таа реалност.

-Тоа што старите сликарски мајстори го правеа преку четката, во овој случај направен е обид со фотоапарт, а „насликаните” фотографии го надминуваат медиумот во кој се создадени, визуелно асоцирајќи на делата на импресионистите. Терминот „внатрешна градина” е често користен од трагачите по сопството, суфистите, алхемичарите и веќе застарениот њу ејџ, во контекст на прочистување на внатрешното битие од сите стратиграфски слоеви на илузиите, но и на знаењето и технологијата, за да се дојде до еден сопствен пристап кон естетичното во фотографскиот процес, наведува организаторот на изложбата.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“