Влада Урошевиќ добитник на наградата „Антева златна книга“

Од:

Книжевниот великан Влада Урошевиќ ја доби наградата „Антева златна книга“ за долгогодишни книжевни остварувања од интерес на македонската книжевност, култура и идентитет, за оваа година.

Ова признание се доделува по потреба, само за највисоки книжевни остварувања кои се покажале конститутивни за македонската книжевна реч. Признанието првпат беше доделено во 2020-та година, на Михаил Ренџов.

Наградата „Антева златна книга“ се состои од книга поетски ракописи од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис.

Од тимот на „Антево перо“ во своето образложение посочуваат дека Влада Урошевиќ е магистрална фигура на македонската книжевност, полиграф кој постави високи стандарди во нашата книжевна реч и повлече изохипси кои не се надминати во поезијата, прозата и есејот.

-Урошевиќ е клучна фигура без која не може да се замислат модернитетот и постмодернитетот на македонската поезија, особено преку неговиот интерес за севкупните поетски светски искуства, специјално од симболизмот до надреализмот и авангардата. Без него македонската поезија ја губи својата космичка димензија и дослухот со европскиот поетски сензибилитет, појаснуваат во соопштение.

Како што посочуваат, Урошевиќ е предок и на постмодерниот македонски расказ и роман, а со последните романи остварува специфична хибридна поетика карактеристична за највредните светски прозни остварувања. Урошевиќ е и загадочен есеист од галаксијата на Борхес, што сѐ заедно, од него прави носечки столб на македонскиот книежевен пантеон денес.

Би можело да ве интересира

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Нова поетска книга на академик Влада Урошевиќ на руски јазик

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска