Високо признание од Русија за македонскиот поет Панде Манојлов

Од:

Македонскиот поет и писател Панде Манојлов, кој живее и создава во Битола, деновиве, за неговото поетско творештво доби уште едно високо меѓународно признание.

Писателот Манојлов од Чувашката народна академија на науките и уметностите на Република Чувашија (Руска Федерација) го доби признанието „Грамота на честа“ кое му е доделено за неговото поетско творештво, за ширење мир и љубов меѓу народите во светот, како и за песна посветена на чувашкиот народ и Република Чувашија.

– По доделувањето на оваа награда следи и мојот прием за дописен член на оваа значајна институција. Тоа за мене е голема чест и признание за тоа што го работам, изјави за МИА писателот и новинар во пензија, Манојлов.

Панде Манојлов е член на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонско научно друштво-Битола, и е автор на 22 книги поезија, проза и театарска критика.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска