Виртуелна тура низ „Неолитско село“ во Тумба Маџари

Од:

„Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, сè уште е затворено за посета, согласно здравствените препораки. Во интерес на заинтересираните посетители, Археолошки музеј на Република Северна Македонија овозможи кратка виртуелна тура низ истиот.

-Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години, велат од Археолошкиот музеј.

Неодамна во „Неолитското село“ заврши проектот финансиран со грант од Европската Унија преку програмата „Прекугранична иницијатива за културна размена (МАКС ФОРУМ)”. Целта на овој проект беше доуредување на продавницата за сувенири и обновување на постоечките содржини во овој комплекс, кои досега беа успешно користени за поголема популаризација на археолошкиот локалитет Тумба Маџари и на вредностите на неолитската култура на територијата на Македонија.

Посетата на „Неолитското село“, како и реализацијата на многубројните едукативни активности и културни манифестации во овој комплекс, ќе продолжат наскоро, а до тогаш ќе можете да направите виртуелна прошетка, чија техничка реализација и подготовка е овозможена од Дончо Наумовски и Елена Стојанова-Канзурова.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат истражувањата на кралската гробница во прилепско Бонче

А1он

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане

Ана Ололовска

Одбележување на отпочнувањето на реконструкцијата на Хераклеа Линкестис

Ана Ололовска

Апликација за читање хиероглифи

Ана Ололовска

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Ана Ололовска

Археолошкиот локалитет Стоби од денеска отворен за посетители

Ана Ололовска