Виртуелна изложба „Урбани шуми“ на Оливер Мусовиќ

Од:

Во организација на Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамки на програмата „Други простори“ денеска ќе се одржи виртуелна изложба на Оливер Мусовиќ.

Мусовиќ ќе се претстави со неговиот фотографски проект „Урбани шуми“ кој ќе може да се проследи како виртуелна изложба на платформата Кунстматрикс.

За својот проект Мусовиќ вели: „Дрвјата се едни од најотпорните креации на природата кои играат важна улога во правењето на нашите градови погодни за живот. Од јавните паркови, преку општествените градини, па до уличните дрвја, секој аспект на вегетацијата на градот, без разлика колку е мал, сочинува дел од неговата поголема „урбана шума“. Но, како што се зголемува густина на градовите и зградите заменуваат сè повеќе дрвја, се поголема е загубата на градското зеленило кое не секогаш е веднаш видливо, но секако таа загуба е значајна.

Мусовиќ (1971) самостојно изложувал во Македонија, Швајцарија, Словенија, Србија, Австралија и Црна Гора. Учествувал на бројни групни графички изложби и изложби на современа уметност низ целиот свет. Учествувал и на резиденцијални престои во Германија, Чешка, Швајцарија, Кореја, САД, и Франција. Негови дела се застапени во повеќе јавни колекции и се публикувани во повеќе публикации – прегледи на современа уметност од најзначајните светски издавачи на уметничка литература.

„Локомотива“ годинава во рамки на програмата „Други простори“ поддржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници и тоа Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски.

– Користејќи различни медиуми, уметниците преку своите дела се бават со исклучително важни теми поврзани со екологијата, која ја разгледуваат како динамична категорија на меѓусебно поврзани, еколошки, општествени, демократски, како и културни процеси на секојдневното живеење. Делата истражуваат и се бават со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти, велат од Локомотива.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“