„Виолина и филм“ онлајн концерт на Пламенка Трајковска

Од:

Под наслов „Виолина и филм“ вечерва преку Фејбук и Јутуб каналите онлајн концерт ќе одржи виолинистката Пламенка Трајковска.

Низ мултимедијално онлајн доживување, Трајковска ќе ги оживее музичките теми од познатите филмови „Кум“, „Џемс Бонд“, „Титаник“, „Пиратите од карибите“ и многу други теми.

Во време на пандемијата со коронавирусот, музичарите се обидуваат и понатаму да создаваат, а карантинот ги принуди своите креативни зафати да ги презентираат онлајн.

Трајковска најпрво пласираше ведри популарни композиции на својот Фејсбук профи, а потоа се зафати со реализација на овој покрупен проект.

Таа е автор на единствениот музички албум во кросовер музиката со наслов Апасионато, музичкиот албум за деца Карневал на животните и синглот Светулки. Како виолинист соло и заедно со своите мали камерни состави има настапувано на сцени во Македонија, Франција, Хрватска, Србија, Грција и Танзанија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска