Виктор Митревски ќе ја диригира „Свадбата на Фигаро“ во Австрија

Од:

Македонскиот диригент Виктор Митревски ќе ја диригира операта „Свадбата на Фигаро” од Волфганг Амадеус Моцарт во австрискиот град Вајдхофен ан дер Ибс во продукција на „Опера наоколу“ („Опер рунд ум“). Митревски ќе води три изведби на Моцартовата опера од кои едната беше на 21 јули, а следуваат претстави на 25 и 28 јули.

– Станува збор за уметнички ансамбл кој од година во година се повеќе се етаблира на австриската музичка сцена преку изведба на оперски дела на нестрандардни и невообичаени места надвор од конвенционалната театарски подиум. Основач и режисер на „Опера наоколу“ е Ана Бернрајтнер. Jа имам и таа привилегија да соработувам со еден од најталентираните диригенти од помладата генерација во Австрија, Рафаел Шлуселберг, со кого соработувам веќе неколку години, изјави Митревски.

Ова е, додаде Митревски, веќе трета соработка со „Опера неоколу“ по „Дон Џовани” (2017) и „Грабнување од Сарајот” (2018) со која што во 2018 година ја освоивме престижната Наградa за австриски музички теата. Дел од изведбите ги превзема и новоформираниот оркестар „Виена ансамбл“ кој веќе свири ширум Европа.

По овој проект, Митревски ќе работи на детска опера во Виенскиот театар каде што диригира веќе трета година.

Би можело да ве интересира

Оперската ѕвезда Ана Дурловски настапи на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар

Ана Ололовска

Министерот Исмаили на првата опера на албански јазик „Скендербег“

Ана Ололовска

Премиера на операта „Скендербег“ на Фатос Лумани во НОБ

Ана Ололовска

Премиера на операта „Скендербег“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Премиера на обновената „Кармен“ со Ирена Кавкалеска во насловната улога

Ана Ололовска

Премиера на обновената опера „Кармен“

Ана Ололовска