ВИДЕО: Промовирана монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“

Од:

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на промоцијата на монографијата по повод одбележувањето на јубилејот – 70 години од основањето на Музејот на град Скопје.

– Чест ми е што можам да присуствувам на промоцијата на монографијата по повод одбележувањето на јубилејот 70 години од основањето на Музејот на град Скопје, а вечер и на отворањето на изложбата по повод овој голем јубилеј. Посебно сум горд што Град Скопје има ваква институција што во својата дејност вклучува повеќе компоненти: археологија, етнологија, историја, историја на уметност и архитектура; остварува богата научно-истражувачка дејност и врши собирање, чување, заштита и презентација на музејски материјал. Денеска е мигот кога вреди да ја споменеме и меѓународната активност на музејот. Во овие сали нашата публика имала можност да ги види делата на Дејвид Хокни, Марина Абрамовиќ, Оља Иваницки, големата изложба на германски експресионизам, Богатството на Романови…, а пак наши изложби гостувале во Јапонија, Англија, Германија, Романија, Турција, Грција… Исто така, Музејот од 2004 година па наваму е носител на македонскиот павилјон на престижното Венециско биенале, беше учесник на ЕКСПО-то во Лисабон 1998, а за посебна пофалба е минатогодишното учество на големата изложба во престижниот МОМА во Њујорк – рече Шилегов.

Тој додаде дека сево ова е доказ дека Музејот на град Скопје ја оправдува и ја потврдува својата мисија и визија и претставува значајна алка во заштитата, промоцијата и презентирањето на нашето културно наследство.

– Оваа монографија по повод 70-годишнината од основањето на Музејот ќе посведочи и ќе го пренесува сето тоа. Посакувам овој простор да биде исполнет со големи изложби, а вам почитувани музејски работници ви пожелувам уште многу успеси во вашето работење на кои ќе се гордееме сите – нагласи Шилегов, на денешната промоција.

Би можело да ве интересира

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска

Таен музеј во Вашингтон