Видео проекција и дискусија со Ана Адамовиќ во Музејот на современа уметност

Од:

Видео проекција и дискусија со визуелната уметница Ана Адамовиќ во разговор со кураторката Јованка Попова, ќе се одржи во Музејот на современа уметност во Скопје, КСП Центар – Јадро.

Избраните видео дела што ќе бидат претставени и дискутирани се осврнуваат на главните преокупации во уметничката пракса на односот помеѓу ангажираната уметност и видео-уметноста.

Ана Адамовиќ се занимава со прашањата за идентитетот и меморијата како лични така и колективни, работејќи на долгорочни фотографски и видео проекти. Од 1999 г. нејзините дела беа изложувани на многубројни самостојни и групни изложби во Србија и во странство вклучувајќи ги и 34-то Биенале во Сао Паоло, Музејот на југословенската историја во Белград, Салон на Музејот на современа уметност во Белград, Музејот на модерна и современа уметност Риека, Музејот на фотографија во Солун, Фондацијата за уметност на Осаге во Хонг Конг, Кина, Музејот на фотографија во Брауншвајг. Дипломирала на одделот за светска книжевност на Белградскиот универзитет и студирала фотографија на Институтот за уметност во Бостон.

Јованка Попова е куратор во Музејот на современата уметност – Скопје и куратор и програмски координатор на Проектниот простор „Прес ту егзит“. Докторант на Факултетот за медиуми и комуникации СИНГИДУНУМ во Белград. Магистрирала на Институтот за Историја на уметноста, насока – современа уметност на Филозофскиот факултет во Скопје. Работела на повеќе домашни и интернационални кураторски проекти. Во 2019 била куратор на северно македонскиот павилјон на 58. Венециско биенале.

Програмата „Видео уметници од Македонија и регионот“ се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Перформанси „Дисеминација насекаде!“ и „Слушна реакција на архитектурата“ на колективот ЛИГНА од Хамбург

Ана Ололовска

Фестивал „Нови простори” на кеј „13 ноември” во Скопје

Ана Ололовска

Експертски разговори во МСУ во рамки на Европското номадско биенале – Манифеста14

Ана Ололовска

Перипетија продукција реализира уште еден меѓународен проект

Ана Ололовска

Завршува интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“

Ана Ололовска

Уметникот Живко Поповски -Цветин со ликовна работилница во возот на релација Скопје-Куманово по повод Светскиот ден на мирот

Ана Ололовска