ВИДЕО: Македонски филмови на Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен во Франција

Од:

На меѓународниот филмски фестивал во Нанси, кој годинава се одржува по 19-ти пат ќе бидат прикажани два филма на македонски режисери – „Мајки“ на Милчо Манчевски и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, и копрудукцијата „Парада“, јави дописникот на МИА од Париз.

Филмската уметност ги има своите светски познати неодминливи станици на кои се претставува секоја година, како: Берлин, Кан или Венеција. Тука се и оние помалку познати за пошироката јавност фестивали, но кои имаат исто така големо значење за ширењето и претставувањето на разноликоста на филмската култура.

Еден од тие фестивали е и Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, кој годинава го доживува од 30 август до 7 септември. Прво издание на фестивалот под ова име, но вкупно 19-то издание од неговото основање во 1995 година, познат под името „Ај Ај Филм Фестивал“.

„Ај Ај“ е мал лемур кој живее на Мадагаскар и кој поради своите големи љубопитни очи и ноќниот живот се покажа како најпогоден амблем за асоцијацијата која го доби неговото име „Ај Ај В.О.“ (организатор на фестивалот), која ја покажува својата љубопитност во откривањето на филмските бисери од целиот свет.

Меѓународниот филмски фестивал Нанси-Лорен, без скромност можеме да кажеме дека е еден од „најмакедонските“ годинашни филмски фестивали во Франција, а можеби и во светот.

Со асоцијацијата Ај Ај В.О. организатор на фестивалот и со тоа воедно претседател-координатор на фестивалот претседава Тони Гламчевски, македонскиот новинар-дописник на МИА, Дојче веле и МРТВ од Франција.

– Фестивалот е вистинска среќа за љубителите на филмот, прекрасен и фасцинирачки прозорец отворен кон филмската уметност. И истовремно кон светот. Светот, во кој филмот фрла светлина врз неговите сенки и рани. Филмот и нашиот фестивал ни дозволува да ги укинеме границите меѓу реалноста и фикцијата. Да заборавиме на се, барем додека трае филмот. Изборот на филмовите се однесува на секојдневниот живот, на обичните или необичните нешта, пишува Гламчевски во каталагот на фестивалот.

– Уредувачката политика при селекцијата на филмовите, всушност, е во насока на одбрана а разноликоста, секогаш во насока на квалитетот, со ангажирани, смешни, емотивни, вознемирувачки или изненадувачки филмови, додава тој.

Во селекцијата на филмови код ои ќе бидат прикажани на фестивалот во Нанси се најдоа филма два македонски режисери и една македонска копрудукција. Сите тие се наоѓаат во главната селекција на фестивалот, кои се прикажуваат под отворено небо во главниот термин на фестивалот.

Филмот „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, ќе биде прикажан во главната селекција под отворено небо, додека филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан вон кокуренција при соопштувањето на лауреатите на селекцијата на документарни филмови. Ова е втор филм на Манчевски кој се прикажува на фестивалот во Нанси, по прикажувањето на „Пред дождот“ пред две години.

Според сознанијата на фестивалот за двата македонски филма „Мајки“ и „Панкот не е мртов“, ова е нивно прво официјално прикажување во Франција, за што организаторите се погрижија да го направат и преводот на филмовите на француски јазик. Инаку сите филмови на фестивалот се прикажани во оригинална, титлувана веризја на француски јазик.

На фестивалот ќе биде прикажана и копрудукцијата  „Парада“ на Срѓан Драгојевиќ. Мала занимливост, македонскиот актер Тони Михајловски е единствениот актер кој се појавува во два филма кои ќе бидат прикажани на фестивалот – „Панкот не мртов“ и „Парада“.

Покрај прикажувањето на овие два долгометражни филма, видеоспотот на фестивалот од Нанси е илустрирана со филмска музика на Кирил Џајкоски.

Во натпреварувачката селекција за краткометражни филмови и покрај тоа што имаше пријавено неколку македонски филмови од страна на Филмскиот фонд на Македонија, не влезе ниту еден филм, најмногу поради силната конкуренција од околу 1.600 пријавени филмови.

За време на фестивалот, од 30 август до 7 септември, организаторите на публиката и предлагаат околу 150 филмови од над 40 земји, можност за средба со други култури, друг начин на живеење, отворање кон културната разноликост со надминување на уметничките и географските граници.

Филмовите се претставени во шест селекции: Меѓународна натпреварувачка селекција на 25 краткометражни филмови, избрани меѓу 1.600 филмови направени во текот на 2012 година, Селекција на краткометражни филмови за млади и деца, Зизз – Селекција на интересни или необични фимови, Слободен избор на филмови од партнерите на фестивалот од Украина, Канада, Полска и Белгија и на крајот Селекција на филмови кои се прикажуваат на отворено во дворот на реновираната Мануфактура (монополот за тутун) и годинава првпат натпреварувачка селекција на документарни филмови.

Целокупната програма на фестивалот може да се најде на веб-страницата на фестивалот од Нанси.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето