ВИДЕО: Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на ASC награда за најдобра кинематографија

Од:

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на ASC (The American Society of Cinematographers) наградите.

„Најважната награда што еден кинематографер може да ја посака. Благодарам ASC“, напиша Љума на својот профил на „Фејсбук“.

Наградата на кинематограферите им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

„Многу е чудно, да бидеш дел од оваа свеченост. Ова е прв пат, некој од Македонија да биде дел од оваа церемонија за доделување на најпрестижните награди“, рече Фејми Даут.

„Ние сме многу возбудени, излеговме оттука со награда. Што и да кажам, ќе звучи чудно со нашиот англиски, бидејќи не можам да искажам моите емоции и благодарност до организаторите, за отворените врати на документарната кинематографија. Мило ни е што ние сме првите победници овде, во оваа категорија. Чест ни е. Ако пребарате од каде доаѓаме, што работевме, тоа е одличен пример за сите кои сакаат да ја работат оваа работа, дека се е возможно. Можеш да ја земеш оваа награда ако си многу чесен и ако го сакаш тоа што го работиш, тогаш ќе се оствари и твојот сон“, рече Самир Љума.

Македонскиот филм „Медена земја“ е во трката за претстојните оскари во две категории – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

По победата на американскиот фестивал „Санденс“ лани, „Медена земја“ освои голем број награди, номинaција за европски Оскар, а имаше и одлични критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.

Документарниот филм „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Филмот е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

Би можело да ве интересира

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош

Ана Ололовска

Атиџе бара мир, а не пари: И куќава нека ја продадат, сите мене ме напаѓаат, никој не ги решава проблемите

Кристијан Ландов

„Медена Земја“ предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика

Ана Ололовска

„Медена земја“ од денеска во француските киносали

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Атиџе од Медена земја ја сними својата прва студиска песна

Искра Манојлоска

„Медена земја” го отвори Фестивалот на документарен филм во Словенија

Ана Ололовска