ВИДЕО: Културните работници бараат Итно потпишување на колективниот договор

Од:

Уметниците, културните работници, административните службеници и помошно-техничкиот персонал во културните институции го започнаа протестниот марш од паркот „Ибни Пајко“, позади Македонската филхармонија, со краток говор на претседателката СКРМ и актерка во Драмски театар – Скопје, Сања Арсовска.

Тие бараат со Буџетот за 2020 година да се обезбедат пари за спроведување на колективен договор со којшто би се регулирале платите и надоместоците од плата на вработените во културата.

Ако владата и парламентот не одговарат на нивните барања, најавуваат дека ќе ја активираат веќе донесената одлука за генерален штрајк.

– Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Сме во преговори и се надеваме дека ќе постигнеме некаков договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата.

Минатата година биле изоставени од колективен договор и затоа, рече таа, Синдикатот бараше нивелација на платите која се спроведе во мај годинава.

– Нивелацијата се протолкува како зголемување на платите во културата. Не, тоа беше порамнување на платите и исправање на една неправда што се случуваше во минатото. Она што сега им следува на вработените во културата е колективен договор во кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места, точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата, истакна Арсовска.

СКРМ го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ