ВИДЕО: Играниот филм „Дедо и внук“ идниот месец премиерно во Охрид

Од:

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид идниот месец премиерно ќе биде прикажан „Дедо и внук“, прв долгометражен филм на охридскиот режисер и сценарист Илија Пиперкоски. Филмот почна да се снима во април 2017 година. Во главните улоги настапуваат Салаетин Билал и Дејан Лилиќ.

Како што вели режисерот, „Дедо и внук“ заедно со „Мирно лето“ на Димитрие Османли, се единствените два долгометражни играни филма во македонската кинематографија целосно снимени во Охрид.

Филмот раскажува за едноличниот живот на пензионерот и вдовец Никола, кој е навикнат да биде сам во мал туристички град, каде што единствени пријатели му се соседите.

– Никола е свесен дека нема уште многу време за живеење. Последниот период го минува во тишина, размислувајќи за својот живот, на моментите на радост и тага, за поентата за живеењето, за одлуките што ги донел и работите кои ги направил, а и за тие што не ги направил. Неговиот спокоен живот еден ден ќе биде нарушен со ненајавеното доаѓање на неговиот единствен внук кој го нема посетено повеќе од 10 години, открива дел од приказната режисерот Пиперкоски.

Покрај Дејан Лилиќ и Салаетин Билал, во актерската екипа се и Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Во пресрет на премиерата на филмот, објавено е промотивно видео.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето