ВИДЕО: „Црвена Јабука“ го отвори Карпошовото културно лето

Од:

Со концерт на бендот Црвена Јабука на игралиштето Сокол, вечерва беше отворено шестото „Карпошово културно лето 2013“.

На отворањето на манифестацијата беше најавено дека оваа година ќе бидат задоволени сите вкусови- ќе има популарна, сериозна музика, народни песни, филмови, џез вечери, ретро музика, како и јужно американска вечер, и изворна музика, гости од Сарево, Војводина, Хрватска и ликовни уметници од целиот свет.

-Општина Карпош може да се пофали дека го патентираше свето културно лето. Оваа година ние ги задоволивме вкусовите на сите, Скопје го доби Кемриџ, го имаме Максимилијан центарот каде ќе учат младите по светски стандарди и ќе добијата диплома од Кембриџ, најавија од општината.

Освен „Црвена јабука“, која го означи почетокот на едномесечната дружба со културата, концерти во рамките на манифестацијата ќе имаат и Каролина Гочева, „Гуру Харе“, Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“, „Темпера“, „Шери коктел џез бенд“. Ретро-дружбата ќе ја донесат Вера Јанковиќ и Драган Б. Костиќ, а авторска вечер ќе има и Огнен Неделковски. За љубителите на уметноста, предвидени се и ликовни перформанси и изложба од Дневниот ликовен хепенинг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош