Велешкиот театар со „Синиот портокал“ гостува во Софија

Од:

Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ од Велес со претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски денеска ќе гостува во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

dobivaj vesti na viber

„Синиот портокал“ е драма за современата психијатрија, за застарените методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат пациентите без седативи.

– Во време на глобализација, кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националноста и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа претставата топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација, наведува Велешкиот театар.

Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а автор на музиката Сашко Костов. Настапуваат актерите Фаик Мефаилоски, Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

„Синиот портокал“ е трета продукција на Велешкиот театар за 2017 година и со над 30 изведби досега е една од најизведуваните претстави.

Би можело да ве интересира

Македонската актерка Дарја Ризова – најдобра меѓународна актерка во Турција

Ана Ололовска

Премиера на претставата „Разведи ме“ во Скопје

Ана Ололовска

50-та изведба на претставата „Странци“ во Драмски театар Скопје

Ана Ололовска

Нова куклена претстава на репертоарот на Н.У. Театар за деца и младинци

Ана Ололовска

Подготовки за претставата „Народен непријател“ – премиера во рамките на проектот „Патиштата на хероите“

Ана Ололовска

Премиера на „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ во МНТ

Ана Ололовска