Вечерва „Cinema Komunisto”, утре “Стела” на „Кино на отворено” во Кисела Вода

Од:

Со филмот „Cinema Komunisto” на режисерката Мила Турајлиќ, вечерва се отвора првото Кино на отворено во Кисела Вода, кое до недела на публиката ќе и понуди повеќе интересни кинематографски остварувања. Секоја вечер со почеток од 21 часот, во паркот Македонија, непосредно до Домот на кутурата Билјана Беличанец, посетителите ќе можат да погледнат по два филма.

Покрај Cinema Komunisto, вечерва на репертоарот е и „My world is upside down” во режија на Петра Селискар, а веќе утре ќе се емитува и првиот македонски филм за деца „Стела“, како и „Avec l’amour” на Илија Цветковски.

Покрај споменатите наслови, оваа седмица, доколку дозволат временските услови, „Кино на отворено” на публиката ќе и ги понуди и Grand mothers of Revolution, Mother Europe во режија на Петра Селискар, краткометражниот филм „Другарот“ во режија на Димитар Оровчанец, „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, како и неколку други изненадувања.

Настанот го организира Општина Кисела Вода, во соработка со МакеДокс.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето