Вечер на староградска музика во Делчево

Од:

Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, во Делчево се одржа вечер на староградска музика. Концертот го отвори домашната женска пејачка група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи“, додека свој настап со традиционална хорска музика имаше и Градскиот хор од Штип. За диригентот Ивана Јанкова, беше чест по втор пат, составот од Штип, да настапи во Делчево.

– На наше огромно задоволство Градски хор-Штип во една година по втор пат гостува во вашиот град. Нашиот репертоар е во склад со празниците овие денови. Концертот се вика „Во духот на традицијата“, а на програмата се македонски љубовни песни од сите жанрови, поп, рок, народни и староградски во хорско руво, истакна Јанкова.

Концертот, како што рече директорот на Центарот за култура, Методи Толевски, е најава за продолжението на проектот „Вечер на серенади“ во чии рамки нови староградски рефрени се најавени за идната среда.

– После овој концерт, со проектот „Вечер на серенада“ продолжуваме во среда на 11 септември, кога очекуваме да ни гостуваат староградски групи од Берово, Виница, Свети Николе и музичко дуо од Република Бугарија. Се надеваме дека публиката уживаше вечерва, а ќе присуствува во голем број и наредната среда, рече Толевски.

Синоќешниот концерт делчевскиот Центар за култура го реализираше во соработка со општината, како дел од одбележувањето на 75 години од ослободувањето на Делчево и 28 години од Денот на независноста на Македонија.

Би можело да ве интересира

Делчевскиот градоначалник Трајковски од свои пари им купи заштитна опрема на градските пожарникари

А1он

Во Делчево и Берово одзивот до 13:00 часот е над 21 процент

А1он

Компанијата Млечна Индустрија ги отфрла обвинувањата за наводно труење на риби во река Брегалница во Делчево

Ана Ололовска

Симулација на пожар во услови на Ковид-19 во Делчево

Ана Ололовска

Падната карпа тешка неколку тони оштети куќа во Делчево

А1он

Печурка тешка над еден килограм пронајдена во Делчевско

Ана Ололовска