Вечер на поезија и афоризам во Гевгелија

Од:

Во вторник, на 20 септември, во 19 часот во малата сала на Народниот театар во Гевгелија во организација на библиотеката „Гоце Делчев“ ќе се одржи Поетско-афористична вечер со учество на поети и афористичари од Гевгелија, Велес, Струмица и Штип.

Ќе настапат поетите: Стефчо Стефанов, Жаклина Атанасова, Олгица Ќурчиева, Димитар Арнаудов, Томе Таушанов, Кирил Кангов од Гевгелија, Лили Арсова и Јасмина Горгиева од Велес и Марија Брндевска од Струмица.

Покрај поезија, на настанот е предвидено читање афоризми од: Љупка Цветанова од Штип, Ацо Георгиев и Ристо Филчевски од Струмица, како и Атанас Крлевски и Димитар Вилазорски од Велес.

Читањето ќе биде поделено во два круга по една песна и по 10 афоризми во секој круг од секој автор.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска