Василичарски концерт „Легенди“, претстави во театрите од 21 јануари, во ТДМ од утре

Од:

Националната опера и балет ќе ја почне 2020 година со традиционалниот гала концерт за празникот Василица. Годинава е насловен „Легенди“ („Legends“) и ќе има две изведби – на 12 и 13 јануари. Концертната програма ќе содржи избор на песни од најдобрите музички поп легенди во целосно нови симфониски аранжмани. Ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на НОБ под диригентство на Бисера Чадловска.

Првиот програмски термин на Филхармонијата е закажан за 15 јануари – „Прекрасниот пат на свилата Лон Шансинг“ за кинеската Нова 2020 година, со оркестарска изведба на традиционални кинески инструменти. Ќе гостува танцов театар од провинцијата Гансу.

Македонскиот народен театар, Драмски театар и Театар Комедија првите претстави во новата година ќе ги имаат на 21 јануари. Според нивните репертоари, во Драмски претпремиерно ќе биде изведена претставата „Мојот маж“ по текст на Румена Бужаровска и режија на Нела Витошевиќ, во МНТ – „Галеб“ на Нина Николиќ, а во Театар Комедија – „Жена ми се вика Борис“.

Театарот за деца и младинци (ТДМ) утревечер од 19 часот ќе ја прикаже првата претстава во 2020 година – „Цветната улица“ од Киро Донев во режија на Наташа Поплавска.

Кинотеката од денеска до 18 јануари ја организира традиционалната програма за деца „Кино утро“ и за најмладите ќе прикаже десет играни и анимирани филмови, секој ден со почеток во 12 часот. Филмот со кој денеска ќе почне програмата е германскиот „Рафи“ во режија на Аренд Агте.

Во Кинотеката повторно ќе се прикажува и документарниот „Медена земја“ од 13 до 18 јануари во термини од 18 и од 20 часот. Филмот на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов, кој е во потесниот избор за „Оскар“ во две категории, од утре до идната среда од 20 часот ќе се прикажува и во кино „Милениум“.

Градското кино „Милениум“ по двата неработни дена вчера и завчера, денеска ја продолжува седмичната кинопрограма почната минатиот четврток. Четири филмски проекции се на денешната програма: „Џуманџи: следното ниво“ од 15.30 часот; „Минатиот Божик“ од 18 часот; „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ од 20.00 и македонскиот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперковски од 22.30 часот.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ