В петок во Националната опера и балет – Гала оперски концерт „ARIGATO“

Од:

На 18 февруари, петок, со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт, насловен како „ARIGATO“, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“.

Концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија, по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера и балет”. Проектот се реализираше во соработка со Јапонската организација за меѓународна соработка (ЏАЈКА – Балкан) во рамки на програмата за културни грантови. Проектот започна во август 2018 година, а заврши во август 2021 година.

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Милчо Александров, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

На Гала оперскиот концерт ќе настапат нашите солисти: Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Елена Голомеова – сопран, Соња Пендовска Мадевска – мецосопран, Благој Нацоски – тенор, Зоран Сотиров – тенор, Никола Стојчески – тенор, Ристе Велков – баритон, Игор Дурловски – бас, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

На програмата ќе бидат изведени арии, дуети и хорски делници од опери и оперети од композиторите: В. А. Моцарт, Ш. Гуно, Џ. Пучини, Џ. Верди, Л. Делиб, Р. Штраус, Г. Доницети, Р. Леонкавало, Ф. Лехар и др.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Би можело да ве интересира

Kомеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците

Обнова на операта „Лидија од Македонија“

Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот Василица на 12. и 13. јануари

„Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев на 19 ноември на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Госпоѓиците од Авињон“ на 5 ноември на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Рита“ од Гаетано Доницети на малата сцена во НОБ на 21 септември

Ана Ололовска