Утре почнува фестивалот „Гола месечина“

Од:

Годинава, жителите на општина Аеродром ќе имаат можност по шести пат да го проследат Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

„Фестивалот „Гола Месечина“ игра важна улога во развојот на културниот живот во Општина Аеродром и наш заштитен знак. Токму затоа од буџетот издвоивме 1.200.000 денари и логистички му помогнавме на организаторот Театар Комедија успешно да го реализира овој сѐ попопуларен настан во нашата општина“, порача градоначалникот Марин.

Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, најави дека и годинава ќе имаме квалитетни претстави, така што покрај дел од македонските театри, со свои комедии ќе настапат и театрите од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска.

Претставите, од 2 до 9 септември, ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

Инаку, „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлена меѓународна жири-комисија.

Ги покануваме љубителите на комедијата од утре да бидат дел од оваа уникатна можност и од срце да се насмејат на претставите од македонската и меѓународната театарска сцена.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска