Утре почнува 12. OFFest

Од:

Со концерт на индиската ситаристка Анушка Шанкар во Универзална сала утревечер почнува 12. OFFest.

На фестивалот што ќе трае до 6. јуни ќе настапат исклучителни музичари од Шпанија, Јужна Кореја, Турција, Колумбија, Велика Британија, Мароко, Сенегал, Финска, Словенија и Македонија, а ќе биде прикажан и еден музички документарец.

Анушка Шанкар е една од водечките фигури на т.н. музика на светот. Нејзиното творештво влече корени од индиската класична музика како и од музиката на нејзиниот татко, легендарниот Рави Шанкар, кај кого таа се школува од својата девета година. Како композитор, ја истражува плодната синтеза на индиската музика со разните музички жанрови, фламенко, електроника, џез и класична музика. Двапати номинирана за престижната награда Греми, Анушка Шанкар е најмладиот музичар и првата жена во историјата на Греми, номинирана во категоријата World Music за нејзиниот албум „Live at Carnegie Hall” (2002), а подоцна и првиот музичар од Индија што бележи настап на доделувањето на Греми наградите (2006), кога беше номинирана за албумот „Rise”.

offest

Шанкар во Скопје ќе се претстави со нејзиниот актуелен проект „Traveller” во чие создавање учествуваат индиски и фламенко музичари. „Traveller” на Шанкар и ја донесе титулата Најдобар музичар од магазинот „Сонглајнс“, како и номинацијата за наградата Греми во категоријата Најдобар world music албум.

Втората вечер е резервирана за турското Таксим трио и за проектот „Биоскопиа“ на нашите Елена Христова и Горан Трајкоски, на 4 јуни публиката ќе ужива во словенечкиот бенд „Брина“ што го предводи талентираната и меѓународно етаблирана пејачка Брина Вогелник, додека во среда, 5. јуни, се експлозивните Ондатропика и моќната, хипнотичка мароканско-сенегалска комбинација Азиз Самауи и University of Gnawa.

OFFest го затвора Кимо Похјонен од Финска познат по својата денс, театарската и авангардната музика, по бескомпромисната моќ и оригиналност.

Годинава, само Шанкар настапува во Универзална, Таксим трио, Биоскопиа, Азиз Самауи  и Похјонен се во МОБ, додека „Брина“ е во киното „Фросина“.

Би можело да ве интересира

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА, наскоро и винил издание

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Со народни пари ќе се финансира фестивал во Косово, додека домашните едвај врзуваат крај со крај

А1он

26 полицајци се повредени на еритрејски културен фестивал во Штутгарт

(ВИДЕО) Почна „егзодусот“ од Burning Man, 64.000 луѓе во колоната

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска