Успешен настап на пијанистите од Крива Паланка за „Ден на пијаното – Скопје 2021″

Од:

Младите пијанисти од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка, од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски, успешно се претставија на јубилејното, петто издание на фестивалот „Ден на пијаното – Скопје 2021″.

Ова беше прв настап во живо на пијанистите од Крива Паланка во КОВИД-19 пандемијата.

-Нашата работа со музиката не запре во пандемијата, иако во многу специфични услови, онлајн, со моите ученици неуморно работиме во целиот овој период. По повеќето онлајн учества на национални и интернационални фестивали годинава, радосни сме, што со запазување на сите протоколи за заштита, се одржа јубилејното издание на фестивалот “Ден на пијаното – Скопје”, манифестација за промоција на млади пијанисти, нови звуци, млади и иновативни македонски и странски композитори. За моите ученици учеството беше редок настан годинава за настап во живо, што е големо искуство за нив. Oгромна благодарност на Светлна Димитриевска за посветеноста и професионалната организација на ова јубилејно издание, изјави Жулина-Митовски.

Фестивалот посветен на меѓународниот ден на пијаното, 27 март, се одржа во КИЦ, Скопје, а покрај учеството на младите пијанисти од целата држава, беше промовиран и циклус пиеси за пијано и пијано-концерт, „Звуците на класиката“.

По повод јубилејот на фестивалот, беа доделени и дипломи за надежен млад пијанист, надежен млад композитор и најуспешна концертна изведба, како и најуспешен странски изведувач.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска