Унгарскиот ансамбл „Сегед“ настапи во Илинден

Од:

Унгарскиот фолклорен ансамбл „Сегед“ одржа концерт во Домот на култура „Илинден“ и со својот настап пред публиката го прикажа методот на пренесување на културното наследство преку народни танци, популарен во Унгарија, а што се наоѓа на листата на УНЕСКО. Покрај концертот, публиката имаше можност да ужива и во презентација на народните носии, инструменти и унгарскиот јазик.

Дел од публиката беа унгарскиот конзул Сашо Јанакиевски, градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски и претставници од унгарската заедница.

seged (1)

Фолклорниот ансамбл „Сегед“ е основан во 1955 година и е најстариот ансамбл кој има водечка улога во културниот, образовниот и уметничкиот живот во градот Сегед. Иако програмата на фолклорниот ансамбл има образовен карактер и во ансамблот претежно членуваат млади луѓе, сепак нивните концерти се наменети за сите генерации.

Танцовата група „Сегед“ веќе 20 години редовно организира меѓународни фолклорни фестивали и форуми и редовно учествува во национални и меѓународни престижни професионални фестивали и досега се има закитено со многу награди и признанија. Свои турнеи имале низ  цела Европа, Алжир, Кореја, Египет, Јапонија и Канада.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево