Турскиот режисер Ердал Мурат Акташ ќе снима документарен филм во Битола

Од:

Режисерот од Турција Ердал Мурат Акташ денеска на заедничка средба со градоначалникот Владимир Талески соопшти дека донел одлука 10 епизоди од документарниот филм „Волшебното патување“ да ги сними во Битола.

Одлуката на филмската екипа од Турција доаѓа по обезбедувањето услови од локалната самоуправа за снимање на филмот и нивно вклучување во проектот „Битола филмски град“.

– Благодарам на градоначалникот што е отворен за меѓународна соработка и затоа во мај почнуваме со снимање на документарниот филм „Волшебно патување“. Овој проект е поддржан од турското Министерство за култура и туризам и претставува континуитет на два претходно реализирани проекти „Турција-Египет“, „Турција-Грција“ и сега „Турција-Македонија“, истакна режисерот Ердал Мурат Акташ.

Ова големо телевизиско шоу, според режисерот, го опфаќа стилот на живеење во овие држави, презентација на локалното население и можност да настапат локални актери.

– Добив ветување дека и градоначалникот Талески како поранешен актер ќе настапи во серијалот што ќе се емитува во Турција и Македонија, вели режисерот Мурат Акташ.

Според градоначалникот Владимир Талески проектот „Битола филмски град“ продолжува ефикасно да се развива, а овој пат и со светски познато режисерско име како што е гостинот од Турција, Ердал Мурат Акташ.

– Постигнат е договор за снимање. Гостите се запознаа со локациите за снимање, како и со актери од битолскиот театар кои ќе настапат во филмот. Освен во нашиот град, ќе се снима во Скопје и во Охрид. Во меѓувреме ќе се обидеме да го зголемиме просторот и филмските студија во битолската касарна, и убеден сум дека овој проект ќе ни донесе и други филмаџии. Како градоначалник, но и останатите градоначалници на градовите каде што ќе се снима ќе дадат свој придонес во овој филм, посочи Талески.

На денешната прес – конференција беше истакнато дека градот со овој и други проекти го зголемува културниот капитал и се очекува пријателството со режисерот Ердал Мурат Акташ да овозможи поврзување и други пријателства со бизнисмени кои ќе инвестираат во Битола.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов