„Трка за животот“ е првонаграден краток расказ на конкурсот на „Нова Македонија“

Од:

Расказот „Трка за животот“ (шифра: Маратон) е добитник на првата награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, на кој годинава пристигнале околу 200 ракописи. Втората награда ја доби „Последниот кат“ (шифра: Дализа), а третата – расказот „Пештер“ (шифра: Пештер). Откупни награди освоија расказите: „Гугутки“ (шифра: Немис Евервит), „Дупка“ (шифра: Дормео) и „Ентелехија“ (шифра: Аспириникс).

Наградените раскази ги избра жири во состав: Александар Прокопиев, селектор, и Весна Дамчевска, уредничка на редакцијата за култура и претставничка на „Нова Македонија“. Меѓу критериумите на жирито при избор на наградените раскази биле автентични и иновативни теми, коректна јазична структура, стилска разноликост и вешта раскажувачка техника.

– Како и секогаш, пристигнаа голем број раскази, тематски и стилски разновидни. Овојпат квалитетот беше евидентен во најдобрите триесетина раскази што влегоа во поширок круг. Исто така, карактеристика годинава е тоа што имаме многу современи постапки и содржини од секојдневните доживувања, но претставени на многу интересен и индивидуален начин, така што иако жирито едногласно ги избра најдобрите, имаше поширок избор раскази што го пленеа вниманието и се читаа навистина со едно читателско задоволство, изјави селекторот Прокопиев.

Од „Нова Македнија“ соопштија дека во наредните денови очекуваат авторите на наградените раскази да се јават во нивната редакција со примерок од расказот како потврда. Наградите ќе бидат свечено доделени кон крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска