Трибина „Жената во македонскиот филм“

Од:

Во рамки на годишната ревија на македонски филмови „Златна рамка 2020“ денеска во кино „Фросина“ ќе се одржи трибина „Жената во македонскиот филм“.

На трибината ќе се разговара за улогата и статусот на жените вклучени во сите сегменти на реализација на еден филм.

Се очекува да се отворат прашањата за тоа колкава е застапеноста на жените во домашната кинематографија, дали жените продуцентки заземаат доволно место во филмската индустрија, колку во сценаријата се потенцираат сите идентитети на еден женски карактер.

Најавени се обраќања на актерките Наталија Теодосиева и Кристина Леловац, костимографката Емилија И.Атанасовска, како и на режисерот Даријан Пејовски и актерот Перо Арсовски.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето