„Три сестри и Наташа П.“ и „Илузии“ на денешниот репертоар на МОТ

Од:

На денешната програма на 45. издание на Млад отворен театар МОТ се претставите „Три сестри и Наташа П.“ и „Илузии“, соопшти тимот на МКЦ.

„Три сестри и Наташа П.“ ќе се прикажува вечер во 19:30 онлајн. Претставата е направена непосредно пред пандемијата.

– „Три сестри и Наташа П.“, е ко-продукција на Арт медиа и Национална опера и балет, во режија на Наташа Поплавска ја следи драмата „Три сестри“ на Чехов со фокус на ликот Наташа Прозорова, сопруга на Андреј Прозоров, братот на трите сестри: Олга, Маша и Ирина. Се отвораат едноставни прашања: зошто ликот на Наташа на листата на карактери е пред ликот на Олга, Маша и Ирина? Ако е прв женски лик, зошто не се појавува прва во драмата? Чија е оваа „драма“? „Драма“ на Андреј, на Наташа или ова е „драма“ на Олга, Маша и Ирина? Какви одговори ќе добиеме? Се отвори проблемот со драмата и преку призмата на „другите“, односно Наташа, ликот што дојде од друго социјално ниво во куќата на Прозорови од Москва, велат од МКЦ.

Претставата „Илузии“, пак, ќе се прикаже во 21 часот онлајн. „Илузии“, инспирирана од истоимената драма на Иван Вирипаев, во режија на Нела Витошевиќ е експериментална, виртуелна претстава, која е приказ и обележје на пандемиското време.

– Претставата недвосмислено ја покажува желбата и крикот на уметникот да создава во состојба на криза и да му пркоси на времето, кое е неповолно за уметноста. Користејќи се со театарски пристап, но во виртуелниот свет, екипата направи претстава што ги отвора темите на љубов, неверство, отуѓеност на луѓето, како и празнотијата и минливоста на животот. Теми што во вакви новонастанати околности се актуализираат кај секој човек, наведуваат од МКЦ, додавајќи дека приказната ни ја раскажуваат четворица актери, кои играат определена улога, но истовремено се и наратори на дејството.

Билетите се строго ограничени и достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн претставите се бесплатни (со задолжително “подигнување” на билети), а билетите за претставите кои се играат во живо (во МКЦ и Универзална сала) изнесуваат 300 денари.

Би можело да ве интересира

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он

Три претстави вечерва на 46. МОТ

Ана Ололовска