„Трансферату“ – нова театарска премиера на „Интимен Театар“-Битола

Од:

„Интимен Театар“ од денеска е ново културно катче во Битола, во кое во иднина ќе се играат театарски претстави од различни автори, режисери и продуцентски групи со утврден и редовен репертоар кој ќе започнува по 22 часот.

Според основачот на „Интимен Театар“-Битола, режисерката Софија Ристевска, првиот театар со свој објект на независната театарска сцена во Македонија ќе биде место во кое ќе се негуваат театарски претстави во кои се зборува за проблеми и нема да раскажува приказни од драмски вид.

– Промоцијата на новиот театарски простор се совпаѓа со промоцијата на најновата театарска премиера, претставата „Трансферату“ работена според текстот на Младен Алексиев и Станимир Панајотов од Бугарија, проект поддржан од македонското Министерство за култура. Во претставата ќе настапат актерите Маја Андоновска и Здравко Стојмиров, кои се идентификуваат со ролјите што ги толкуваат, посочи Софија Ристевска, режисер на претставата. Идејата за „Трансферату“ започнала со текст за радиопиеса во 2006 година, но режисерката Софија Ристевска го трансформирала во функција на т.н. документарен театар како најсовремен начин на правење театар во овој момент во Европа, беше истакнато на денешната промоција во Битола.

Следниот чекор, најавуваат, е да се лоцираме на мапата на културни случувања во Битола, да бидеме активна точка, препознатлива за локалната заедница која постојано ќе доаѓа во „Интимен Театар“.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска