„Трамунтана“ од Шпанија ја објави сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“

Од:

Една од најпознатите шпански издавачки куќи, „Трамунтана“, ја објави сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ на авторката Бистра Георгиева, во која илустрациите ги изработи шпанската илустраторка Моника Каретеро.

Сликовницата е издадена на шпански и каталонски јазик и веќе може да се најде во книжарниците низ цела Шпанија, по што ќе следува и нејзино издавање на територија на Латинска Америка. „Џиновска продавница за фантазии“ беше издадена лани во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е во продажба во книжарниците „Литература.мк“  и на интернет-страницата www.literatura.mk.

„Џиновска продавница за фантазии“ е втора соработка на Бистра Георгиева со Моника Каретеро, една од најпознатите европски илустраторки. Каретеро е авторка на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и САД, и е добитничка на повеќе престижни награди, меѓу кои за најдобра книга на лондонскиот и на шпанскиот саем на книги.

Георгиева е дипломиран социолог, магистер по комуникации и има завршено филмски колеџ во Данска. Својата професионална кариера ја почна како волонтер во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, потоа работеше на неколку филмски проекти. Шест години беше дел од невладината организација „ОХО“, со ангажман на проектот „Пет плус“. Има напишано и сценарио за цртаниот филм „Едно поинакво пријателство“. Три години беше уредник во „Фчерашни новости“. Сега работи како раководител на канцеларијата Креативна Европа МЕДИА за Македонија.

Издавачката куќа „Трамунтана“ е специјализирана за литература, за деца а шпанското и каталонското издание на „Џиновска продавница за фантазии“ може да се купи и онлајн преку „Амазон“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска