„Трагедијата на тигарската буба“ – премиера на Скопје танцовиот театар

Од:

„Трагедијата на тигарската буба“ е последна премиера на Скопје танцов театар за 2019 година, која во режија на гостинот кореограф од Берлин Јотам Пелед премиерно ќе биде изведена вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар.

– Во „Трагедија на тигарската буба“ го истражуваме човекот кој е изгубен во огромниот број информации: парализиран, збунет, на работ на распад, сонувајќи за исклучување.
Играјќи помеѓу комичното и трагичното, оваа физичка театарско-танцова претстава сугерира гротескен универзум каде што вредноста на животот и смртта се губи низ бројките, вели кореографот Пелед.

Во претставата ќе настапат танчарите на Скопје танцов театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса и Џорџа Лили (стажантка од Италија) и студентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“: Сара Цветковска, Јована Зајкова, Тереза Лазарев, Бобан Русески, Исидора Краљевска, Борис Богдановски, Ивана Балабанова и Дамла Пинар Башар од Турција.

Јотам Пелед се едуцирал во Тел Авив каде изучува современ танц, капоира, акробатски танц и физички театар. Од 2012 до 2019 година како дел од различни танцови компании настапувал во Израел, Кина, Германија, Франција, САД, Данска и Луксембург. Оваа година е избран за „Танцлаб#19“ во Grand Theatre Luxembourg, во процес во кој работи под менторство на светски познатиот кореограф Хофеш Шехер.

Би можело да ве интересира

Локомотива – Кино Култура проектен простор стана член на Европската мрежа на танцови куќи

Ана Ололовска

Онлајн часови по современ танц и движење со домашни танцови уметници и педагози

Ана Ололовска

Видеопорака за одбележување на Светскиот ден на танцот

Ана Ололовска

Александар Хаџиманов со порака за Меѓународниот ден на танцот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Триесет години македонска современа танцова сцена

Ана Ололовска

Шеснаесеттиот „Танц фест“ ќе се одржува наесен во фази

Ана Ололовска