Традиционална изложба „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости“

Од:

Во Кавадарци вечер се отвора традиционалната изложба „Млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости“.

– Станува збор за традиционална годишна изложба, која првпат се случи во 2009 година. Акцентот и главниот принцип на изложбата е слободното творечко изразување, без ограничувања и без хиерархии. На изложбата досега имаат учествувано повеќе од 70 локални и регионални визуелни уметници, велат од КСП Подиум ЈАДРО Кавадарци.

Оваа година учествуваат Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Лина Дамјан, Доротеј Нешовски, Дора Пејич – Бах, Ања Илиева, Ненад Тонкин, Стефанија Милевска, Никола Иваноски, Ристо Јосифовски – Ромбо, Томи Соколов, Илија Дојков, Соња Ставрова, Сашко Илов, Игор Јосифов, Петар Петков, Трајче Јованов, Ивана Спироска, Дарко Алексовски, Симона Манчева и Цветанка Темкова Илова.

Дел од гостите на изложбата се и средношколците Тодорка Пејовска, Ненад Стојанов, Михаела Стојанова и Миа Кабранова, кои се поранешни ученици на Ристо Јосифовски-Ромбо.

Настанот се реализира како дел од проектот „Модели на јавно-цивилни партнерства: нов бран на културни политики и практики за ко-управување со заедничките добра“ финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Отворањето е со почеток од 18.30 часот во Музеј галерија Кавадарци.

– Се замолуваат сите кои сакаат да присуствуваат, да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот предложени од Владата на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“