Традиционална 14. Меѓународна ликовна изложба „Флора и фауна извор на животот и убавината“

Од:

Министерство за животна средина и просторно планирање, Детски ликовен центар – Скопје и Здружението на ликовните педагози ги покануваат заинтересираните деца, ученици, студенти и ментори-наставници и професори да земат учество на традиционалната 14-та Меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „Флора и фауна извор на животот и убавината – 2020“.

-Ве покануваме да учествувате со творби по ликовно образование – уметност на теми од заштитата на животната средина и природата. Подтемата е насловена „Човекот и природа“ со позитивни или негативни примери од вашата непосредна околина – животна средина и природата, информираат од Детски ликовен центар-Скопје.

Оттаму посочуваат творбите да не бидат врамени и не поголеми од 50х70 см. Краен рок за прием на творбите е до 5 ноември 2020 година, а право на учество имаат категории на возраст од 4 до 24 години, деца од предучилишни установи, ученици од основни-средни училишта, уметнички-стручни училишта,заинтересирани студенти од уметничките и од другите факултети од земјата и странство.

-Право на учество со творби: најмногу до 35 творби од установа преку менторите, најмногу до две творби-индивидуално учество на еден учесник (по потреба со помош и на родителите) прием на творбите по пошта. Ликовните творби учесниците треба да ги испратат до Детски ликовен центар-Скопје, пошт. фах:75, пошта 1020-Карпош 3, Скопје или со задолжително носење на маски може да се достават во Ликовниот центар на први кат-на означено место како и на приземје во холот (б.Другарче) ул.„Никола Русински“ бр.1, Карпош 3- Скопје. Дополнителни информации со можност и за најавување на учество на т.: 389 (0)76 987024, контакт е-маил: [email protected], информираат од Детскиот ликовен центар-Скопје.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“