Традиционален концерт за празникот „Василица“ на 12 и 13 јануари во НОБ

Од:

„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ).

dobivaj vesti na viber

– Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар, наведуваат од НОБ.

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.

– Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Балетот „Шехерезада“ на сцената на Националната опера и балет на 14 јуни

Ана Ололовска

„Палјачи“ на сцената на Националната опера и балет на 8 април

Ана Ололовска

„Лебедово езеро“ на 25 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ на 18 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска

„Лучија од Ламермур“ на сцената на Националната опера и балет на 12 март

Ана Ололовска

Премиера на балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на 9 март на сцената на Националната опера и балет

Ана Ололовска