Тимот на „Соба со пијано“ очекува да биде македонски кандидат за „Оскар“

Од:

Тимот што го подготви и сними најновиот македонски игран филм „Соба со пијано“, по синоќешната прва средба со публиката денеска во фестивалскиот прес центар на ИФФК „Браќа Манаки“  ги пренесе импресиите по светската премиера, очекувањата да бидат номинирани како македонски кандидат за „Оскар“, а најави и подготовка на новиот филм „Манаки“ во режија на Игор Иванов-Изи.

На денешната средба со новинарите режисерот Иванов посочи дека исполнети се неговите очекувања и е радосен што токму „Соба со пијано“ го отвори 34-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

– Ние не сме прв пат во Битола и знаеме со каква публика се соочуваме, со една прекрасна атмосфера и во исчекување на македонски игран филм. За среќа во последниве години таква филмска продукција има и радосни сме што го отворивме овој фестивал. Во филмот нема позитивни и негативни ликови, апсурдот е позитивната страна на животот затоа што животот е апсурд во секоја смисла на зборот. За нас како автори, овој филм претставува едно своевидно патување низ историјата на кинематографијата. Ризикот беше наш најголем предизвик и само така може да се постигне успех, без ризик нема успех, истакна режисерот Иванов.

„Соба со пијано“ е вториот игран филм во режија на Игор Иванов, по неговото деби со „Превртено“, а на денешната прес конференција ја најави подготовката на третиот македонски игран филм „Манаки“.

– Подолго време, неколку години подготвуваме нов македонски игран филм чиј синопсис го заштитивме во авторска агенција во Франција. Овој проект се вика „Манаки“. Ние сакаме да направиме филм за браќата Манаки, проект посветен на сите премрежја низ кои минуваат нивните животи и нивното раѓање во Егејска Македонија, школувањето во Солун и преселбата во Битола. Во филмот ќе биде опфатен периодот на Првата и Втората светска војна, Балканските војни и се што се случувало на овој простор гледан преку камерата на браќата Манаки. Ние сме во процес на пишување на сценарио и истражуваме. Во тој филм ќе има и многу контраверзи бидејќи приказната за браќата Манаки секоја од соседните држави ја гледа на свој начин и затоа ќе биде историски предизвик, појасни режисерот Иванов.

Продуцентот на „Соба со пијано“ Томи Салковски истакна дека филмот вечер ќе биде прикажан во Скопје со што почнува кино-животот на овој проект кој очекува да биде македонскиот претставник, номиниран пред американската филмска академија за наградата „Оскар“.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ