Tеатарска претстава во чест на Горан Стефановски

Од:

Преку театарска претстава, посветена на Горан Стефановски, Актерска школа на Весна Петрушевска, КМК Продукција и Македонскиот народен театар ќе оддадат почит на еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто.

Горан Стефановски е македонски драмски автор, универзитетски професор и академик. Претставник е на модерната македонска драматургија и автор е на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми. Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуваат актуелната стварност во Северна Македонија.

Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан, силна, огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов.– истакна Весна Петрушевска.

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), потоа во сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Титоград (Подгорица), итн.), како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм итн.

Премиерата на театарската претстава ќе се одржи на 26-ти март, со почеток во 12 часот, во Македонскиот народен театар, на чија сцена ќе излезат учениците од актерската школа на Весна Петрушевска.

За првпат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик. Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов.- додаде Петрушевска.

Поради големиот интерес, двете изведби на 26-ти март се распродадени, додека, следната изведба е на 9-ти април, од 12.00 часот во Македонскиот народен театар.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора