„Танцфест“ по четвртти пат во Велес

Од:

Интернационалниот фестивал „Танцфест“ 2018 и годинава со танцови претстави на сцената на Народниот театар „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес.

Како што информираат од велешкиот театар, вечер со почеток во 20 часот на Малата сцена на театарот премиерно ќе биде изведена танцовата претставата „Егзистирање“ на Скопје танцов театар.

Претставата се состои од три дела: „What happened to …self?“ во кореографија на Јакуб Муњко, „Без стоп“ во кореографија и режија на Матеја Киселички и „Егзистирање“ во кореографија на Рисима Рисимкин.

Во вторник на 17-ти април, на Големата сцена на Народниот театар со почеток во 20 часот ќе биде изведена танцовата претстава „Д.О.Л“ на Скопје танцов театар во кореографија на Адријана Данчевска.

Билетите за претставите можат да се купат на касата на театарот.

Би можело да ве интересира

Со „Man Rec” и „Не ми ги допирај очите“ вечер се затвора Танц Фест 2021

Ана Ололовска

Македонско-словенечки спој за почеток на Танц Фест 2021

Ана Ололовска

Почнува „Танц фест Скопје 2021“ под мотото „Украдени движења“

Ана Ололовска

Танц фест во Штип

Ана Ололовска

На „Танцфест 2018“ вечерва танцовата претстава Д.О.Л

Ана Ололовска

Премиера на претставата „Егзистирање“ на Скопје танцов театар

Ана Ололовска