„Танц-фест 2013“ почнува на 12. април во МОБ

Од:

Годинашниот „Танц-фест“ ќе почне на 12. април со претставата „Надеж“ на Националниот балет од Турција во Македонската опера и балет. Вечерта на Владимир Викторович Васиљев, водечки танчер во „Бољшој театарот“, ќе му биде доделена наградата за врвни достигнување во областа на танцот „Менада“.

Ова на денешната прес-конференција го истакна уметничкиот директор на „Танц-фест“ Рисима Рисимкин.

Таа појасни дека фестивалот всушност ќе почне на 8 април, а во Македонија на 6 и 7 април ќе пристигнат Battery Dance Company од Њујорк.

– Пет од играчите кои се дел од оваа компанија ќе одат низ Република Македонија. Ќе одржат работилница во Скопје во ТЦ „Зебра“, а работилници ќе има во Битола, Струга, Тетово и Штип или ќе има околу сто учесници на овие работилници, рече Рисимкин.

Таа информира дека Battery Dance Company се формирани во 1976 година и ќе настапат со проектот “Dance to connect”. Со него, како што рече, ќе работат на едукација на млади и поврзување на деца од различни етнички припадности, односно преку танц да се создаде позитивна атмосфера и позитивност.

Според програмата на фестивалот, предвиден е настап и на Балетот од Косово. Во рамки на фестивалот низ целата година се предвидуваат повеќе работилници и претстави.

На денешната прес-конференција присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ со чија помош е овозможено доаѓање на гостинот Васиљев во Македонија.

– Соработката со „Танц-фест“ – Скопје ја почнавме пред две години. „Танц-фест“ – Скопје е препознатлив бренд кој ни овозможи да фатиме чекор со светските современи трендови на оваа уметност и тоа е настан кој скопјани со нетрпение го очекуваат секој април, изјави Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска