Светски познати уметници изложуваат во Скопје заедно со Кооперација

Од:

Светски познатите уметници Виталиј Комар, групата ИРВИН, и Сантијаго Сиера со свои дел ќе учествуваат на најновата изложба на македонсата уметничка група „Кооперација“, која ќе биде отворена вечерва, со почеток во 20, 30 часот, во клубот „Сектор“. Од странските уметници кои гостуваат со свои дела најавени се и „Детекст“ (Раул Мартинез и Валентин Дучеа), Немања Цвијановиќ, Ибро Хасановиќ. На изложбата насловена „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“, учестувуваат македонските уметници: Кристина Горовска и Јуре Лаврин, Инес Ефремова, Владимир Лукаш, Никола Узуновски, Филип Јовановски, Ѓорѓе Јовановиќ, Игор Тошевски, ОПА, Владимир Јанчевски.

Изложбата ќе биде отворена до 12 јули, од 18 до 22 часот.

„Во време кога се прават напори да се одржи идејата за плурализмот, радикалниот дисбаланс во односот на силите со кои располагаат различни поединци и групи претставува еден од основните проблеми при обидите за разрешување на различни конфликтни ситуации, осбено во општества во кои на сцена стапуваат опции кои ја застапуваат и пропагираат неопходноста од беспоговорно заедништво и унификација.

Еден од главните концепти во политичката теорија на Антонио Грамши е токму хегемонијата и нејзините механизми. Успехот на доминантните класи во наметнувањето на нивните сопствени дефиниции за реалноста и нивниот поглед на светот како здраворазумски, врз сите останати, според Грамши, ја дефинира суштината на она што го нарекуваме хегемонија.

Несомнено е дека успешноста ваквото становиште де се наметне како единствен можен дискурс за перцепирање на светот, во голема мера се постигнува токму со моќта на пропагандата.

И покрај сета претпазливост со која многумина приоѓаат, станува сè појасно дека уметноста поседува важна политичка димензија. Уметноста, некогаш е орудие за одржувањето на дадениот симболички поредок, но често и како сила која активно учествува во рушењето и деконструкцијата на истиот.

Современиот уметник, кој е свесен дека неговата автономија е општествено условена, неизбежно се наоѓа во најусвитената зона.

Без оглед на тоа која стратегија ќе се одбере, на крајот се поставува прашањето: може ли уметникот да возврати на притисокот, да се обиде да ја одржи температурата на ниво на точката на топење и да се избори за својата позиција и неопходна состојба на ликвидност/флуидност?“, велат од Кооперација.

Изложбата „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“ ги истражува точките на преклопување на уметноста со пропагандните механизми, обидувајќи се истовремно да даде критички осврт кон ефектите што разни општествено-историски ситуации го имаат врз перцепирањето на релацијата уметност и политика.

Изложбата е збир од индивидуални рефлексии, критики и реакции на еднонасочните инструментализирачки механизми ицентрализираните културни политики, преку (зло)употреба на типичните стратегии на доминантните идеологии кои постојано се обидуваат да ги задржат и зацврстат своите позиции, како и улогата на уметноста во нивното омекнување.

Со оваа изложба Кооперација ќе биде домаќин на неколку странски уметници со исклучително плодна и квалитетна продукција од меѓународно значење. Некои од нив, по прв пат ќе бидат претставени на домашната публика.

Виталиј Комар е роден 1943 во Москва, а од 1978 година живее и работи во Њујорк. Тој е еден од основачите на Соц-арт движењето и еден од пионерите на т.н. мулти-стилистички постмодернизам. Комар е еден од главните протагонисти на легендарната „Булдожерска изложба“ од 1974 година. Создавал во соработка со неговиот долгогодишен пријател Александар Меламид до 2003 година. Значењето на делата на Комар е потврдено во сите релевантни прегледи на историјата на уметноста по 1960 година. Неговите дела се застапени во голем број значајни музеи во светот (Гугенхајм, Метрополитен, Витни, МоМА во Њујорк, Третјаковската галерија во Москва итн.).

Групата ИРВИН е основана во 1983 година во Љубљана и ја сочинуваат пет уметници од Словенија: Душан Мандиќ, Миран Мохар,Андреј Савски, Роман Уранјек и Борут Вогелник. ИРВИН, заедно со Laibach и Gledališče sester Scipion Nasice, е со-основач на организацијата NSK (Neue Slowenische Kunst) и на NSK State in Time. Нивните дела се базираат на концептот за „ретрогардизам“ кој подразбира рециклирање на симболи, слики, филозофски идеи од минатото, особено оние што биле употребувани од државниот апарат со цел да акумулираат моќ и да се одржат на власт. Изложувале на многу места во Европа и САД, и на манифестации како Манифеста, Венециското Биенале итн.

Сантијаго Сиера е еден од најпознатите и најпровокативните шпански уметници. Во своите дела тој често се фокусира на структуритена моќ кои делуваат во нашиот секојдневен живот. Неговите дела често се во тензија во реалација со гледачот, кој е изложен на она што може да се опише како формална и поетска артикулација на гласот на сите оние кои се вообичаено маргинализирани или обесправени.

Немања Цвијановиќ е хрватски уметник кој дипломирал на Accademia di Belle Arti di Venezia, а магистрирал на l’Università di Architettura, I.U.A.V. во Венеција. Ги користи речиси сите медиуми и техники на визуелната и изведувачка уметност. Неговиот фокус е преиспитувањето и откривањето на механизмите на производство, манипулација и истрошувањето на значењата во пост-модерната култура и се базира на критичен став кон идеолошките и естетските вредности на модернистичката култура и општество.

Ибро Хасановиќ е босански уметник кој моментално живее и работи во Приштина. Студирал индустриски дизајн на Сараевската академија и современа уметност и филм во Le Fresnoy – Studio National des Arts Contemporains во Франција. Работи филмови, видео, фотографии и инсталации.

А.Б.

Би можело да ве интересира

„Автобиографија на човекот-Гулаб“ од Константин Плевнеш на „Балкан Трафик“ во Брисел

Ана Ололовска

Зоран Попоски на фестивал за дигитална уметност во Франција

Ана Ололовска

Истражување: Мистичниот натпис на „Врисок“ е од самиот Едвард Мунч

Ана Ололовска

Во Струмица заврши пренамената на дел од градската скривница во уметничка галерија

Ана Ололовска

Уметнички инсталации кај некогашните кино „Карпош“ и диско „Турист“

Ана Ололовска

Видео запис „Порасни ме, навади ме, погали ме“ на Зорица Зафировска

Ана Ололовска

Leave a Comment

four × two =