Светска премиера на „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим

Од:

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски – „Врба“ денеска ќе има светска премиера на третата вечер од 14. Филмски фестивал во Рим, со што ќе биде првиот македонски филм што ќе учествува во неговата официјална селекција, избран од уметничкиот директор Антонио Монда.

Филмот денеска ќе има утринска проекција за новинарите, по што ќе следува прес-конференција со режисерот Манчевски и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е гала-премиерата на која ќе присуствува и министерот за култура Хусни Исмаили.

„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше лани два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје.

– „Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга. Љубовни приказни во кои главната тема е лојалност, меѓутоа и односот на општеството кон поединецот и на поединецот кон општеството. Имаме среќен крај овојпат, рече режисерот Манчевски пред две недели на прес-конференција по повод светската премиера.

Во селекција на Римскиот фестивал годинава се влезени филмови од 25 земји. Беше отворен завчера со најновиот филм на актерот и режисер Едвард Нортон со неговиот „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Продукцијата на „Врба“ – „Банана-филм“ соопшти дека Римскиот фестивал има „челична програма“ оваа година – ќе биде прикажан новиот филм на Мартин Скорсезе, „Ирецот“, во кој играат Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Џо Пеши и Харви Кајтел, филмот „Џуди“ со Рене Зелвегер во режија на Руперт Голд, „Даутаун Еби“ со Џим Картер и Елизабет Мекговерн, филмот за Павароти во режија на Рон Хауард, „Хаслерс“ со Џенифер Лопез…

– На 1 300 метри квадратни поставен е најголемиот и најдолг црвен килим во светот, кој води од главната авенија до фестивалските збиднувања во аудиториумот „Парко дела Музика“ дизајниран од Ренцо Пијано, а на него ќе поминат и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски…На црвениот килим ќе продефилираат и Џон Траволта, Итан Коен, Бенисио дел Торо, а на актерите Вајола Дејвис и Бил Мареј ќе им бидат врачени награди за животно дело, наведува „Банана-филм“.

Покрај Климоска, Теодосиева и Тоциновски кои ќе присуствуваат во Рим на светската премиера, во актерската екипа на „Врба“ се и: Петар Мирчевски, Ненад Нацев, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и Никола Ристески. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето