Светска премиера на „Шишка Делукс” на Филмскиот фестивал во Монтреал

Од:

Филмот „Шишка Делукс”, ко-продукција меѓу Перфо од Словенија, Кино Око од Македонија и Еволушн Филмск од Чешка, во режија на Јан Цвитиковиќ, ќе ја има својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал што ќе се одржи од 27 август до 7 септември.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Жига Фидрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски и Андријана Бошкоска-Батиќ и други.

Во авторскиот дел од Македонија се вклучени и сценографот Иван Бартлинг, Жаклина Крстевска како костимограф и Горан Игњатовски како шминкер/маскер. Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око”.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“