Светска премиера на краткометражниот филм „Вера“ на Балкан филм фестивал во Измир

Од:

Краткометражниот филм „Вера“ на Верица Недеска Трајкова ќе ја има својата светска премиера на фестивалот „Балкан Панорама ФФ“, кој ќе се одржи од 15 до 20 октомври, годинава во Измир, Турција. „Вера“ е дел од петте филмови избрани во официјалната натпреварувачка селекција насловена Yellow Umbrella на шестото издание на Фестивалот.

-Голема благодарност до Агенцијата за филм која ни ја даде можноста да аплицираме на овој фестивал затоа што дата базата нè пренасочи кон Балкан Панорама. Учеството на Балкан Панорама е всушност и светската премиера на „Вера“, со оглед на тоа дека филмот не се прикажа на другите фестивали каде што е официјално селектиран поради ситуацијата со COVID – 19”, изјави Димитар Димовски, продуцент на филмот.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм и е копродукција помеѓу Стори Скоп, Фокус Покус Филмс и Филмски институт – Охрид. Главните улоги ги толкуваат Сабина Ајрула и Симона Димковска, а останатата актерска екипа ја сочинуваат Ристо Стефановски, Александар Степанулески, Јовица Михајловски, Јасмина Василева и Верица Недеска Трајкова.

Авторскиот тим е составен од Димо Попов – кинематограф, Жаклина Крстевска – костимограф, Дејан Спасовиќ – сценограф, Анастасија Јордановска – шминка, Валентин Видовиќ – композитор на музика, Ристо Алчинов – дизајн на тон, Гоце Миланоски и Микал Рајх.

Би можело да ве интересира

Објавен е официјалниот трејлер на филмот „Дара од Јасеновац“, српски кандидат за Оскар

Ана Ололовска

Србија: Државата ќе покрива најмалку четвртина од трошоците за снимање филмови и серии

Жарко Настоски

„Хомо“ на Игор Иванов-Изи во официјалната програма на фестивалот во Гоа

Ана Ололовска

Светска премиера на „Хомо“ во јануари на 51. ИФФК во Гоа

Ана Ололовска

Доделени наградите на 49. Државен фестивал на непрофесионален филм

Ана Ололовска

Тетовците Ана Андонова и Глигор Кондовски ги освоија главните награди на Државниот фестивал на непрофесионален филм

Жарко Настоски