Светиниколскиот Музеј бара конзервација на локалитетот „Билазора“

Од:

По десет години истражување на археолошкиот локалитет „Билазора“ кај Свети Николе, сега се бара конзервација на она што е пронајдено на самиот терен.

Музејот на Свети Николе има проект, а акцент ќе се стави на акрополот и кралската палата, каде што се пронајдени и фрески кои се четири века пред Христа.

Директорот на Музеј на Свети Николе, Александар Данев вели дека се што е сработено во периодот од 2008 до 2018 година може да се види на постојната поставка во Музејот.

Проектот за конзервација на овој археолошки локалитет, којшто е единствен во државата и е прогласен за Споменик на културата е готов и сега се бараат средства од Министерството за култура да почнат конзерваторските работи на самиот локалитет, а во овој процес е вклучен Институтот за археологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и археoлози од Велика Британија.

– Најлесниот дел во археологијата е да го отвориш, потешкиот дел е да го конзервираш она што е отворено, бидејќи кога имате нешто под земја 2.400 години и кога ќе го отворите, тоа е изложено на надворешни влијанија. Значи потребна е итна конзервација, што ние сега со овој проект сакаме да го направиме, а оваа палата е многу важна и таа е една од трите слични палати, коишто се наоѓаат во нашето соседство, од архаичен тип е и е многу важна за нашата култура, но е и дел од светското културно наследство, вели Данев.

Билазора се смета дека бил главен град на Пајонците, а постоел од седмиот до вториот век пред нашата ера. При истражувањата пронајдени се различни предмети од керамика, бронза и сребро, но и предмети кои сведочат како Пајонците ги граделе своите живеалишта.

Во Музејот во Свети Николе можат да се видат 300 предмети и дијарама, на којашто сликовито е претставен локалитетот и што се е истражено. Локалитетот се протега на 32 хектари, кралската палата е истражена само една третина, а поголемиот дел од локалитетот не и ниту истражен.

Данев вели дека следно што треба да се направи е Стратегија, како и од каде да се истражува на Билазора.

Би можело да ве интересира

Археолошки наоди: Трескавец е култно место повеќе од два милениума

Ана Ололовска

Почнаа археолошките истражувања на локалитетот Црквиште

Ана Ололовска

Повеќекратни неандерталски населувања во пештерата Голема Пешт во Поречјето

Ана Ололовска

Пронајдени коски од 14 мамути стари 14.000 години: Најголемото откритие досега

Татјана Ташкова

Почнува третата фаза од изработката на мастер планот за конзервација на Стоби

Ана Ололовска

Музејот во Штип работи на три локации на локалитетот „Баргала“

Ана Ололовска