Свечена академија „55 години Битолски весник“

Редакцијата на „Битолски весник“ со свечена академија го одбележа јубилејот, 55 години од основањето и излегувањето на првиот број на весникот.

Од 1964 година до денес редакцијата на „Битолски весник“ отпечатила 2.815 броеви на весникот, без нити еден ден прекин во издавањето, нагласи Менде Младеновски, директор на „Битолски весник“.

-За „Битолски весник“ велат дека е Светилник на македонското новинарство, сведок и хроничар на градот, но и колективна меморија на Битола. На сите читатели им благодарам за поддршката, никогаш нема да ги изневериме нивните очекувања и секоја среда и понатму ќе го имаат Весникот во своите раце, рече Младеновски и додаде дека „Битолски весник“ ќе опстои во медиумскиот простор.

На свечената академија, пред претставници на јавниот живот од градот и новинарската фела се обрати и градоначалникот на Битола Наташа Петровска која од редакцијата на весникот беше наградена со златна плакета.

-Сите што се вложиле во „Битолски весник“ се луѓе на кои треба длабоко да им се поклониме, особено на оние по 90-тите кога целосно се промени концептот на финансирање на медиумите. „Битолски весник“ е жив весник кој што твори и создава за сите битолчани. Ова е момент за мотив повеќе, рече меѓудругото градоначалничката Петровска.

Во име на Здружението на новинарите на Македонија и претседателот Младен Чадиковски, на синоќешната свечена академија во Битола, јубилејот на „Битолски весник“ го честита регионалниот координатор на ЗНМ, новинарот Жанета Здравковска.

-Новинарството цел живот е маратон кој успеваат да го истрчаат само оние кои што се најупорни,новинарите кои не скршнуваат од професионалните стандарди нити од професионализмот. Во овој период кога се намалува бројот на весници во државата, а се зголемува бројот на медиуми на социјалните мрежи, слободно можам да речам дека несушна е потребата од опстанок на весниците, нагласи Здравковска.

Свечената академија „55 години Битолски весник“ заврши со концерт на наставници и ученици од Средното Музичко училиште во Битола.

Би можело да ве интересира

Акција против узурпацијата на јавни површини во Битола

Ана Ололовска

Во Охрид и Битола почувствуван земјотрес со епицентар од Корча

Татјана Ташкова

„Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Крал Иби“

Ана Ололовска

Во Битола изминатиов викенд се одржа првиот фестивал за кларинети

Ана Ололовска

Меморандум за соработка на Битолскиот и Универзитетот во Корча

Ана Ололовска

Промовирани нови простории на факултетот ФИКТ во Битола

Ана Ололовска