Свечен собир во МАНУ по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Од:

Во рамки на одбележувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе се одржи свечен собир.

Свечениот собир е составен од два дела. Во првиот дел, како што најави МАНУ, ќе се обратат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, секретарот на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ Катица Ќулавкова. Со омаж за Конески ќе се претстават Зузана Тополињска и Влада Урошевиќ.

Во вториот дел ќе биде претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ.

– Се работи за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а соодветните томови ќе ги претстават професорите: Венко Андоновски, Наташа Аврамовска,  Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска, посочуваат од МАНУ.

На свечениот собир ќе биде промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“ којашто ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.

Би можело да ве интересира

Објавена книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски

Во Струмица промовиран Зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“

Ана Ололовска

Промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“

Стефоска: Конески оформи национален пристап во оформувањата

Ана Ололовска

Царовска: Делото на Конески е аманет

А1он

Свечен собир на МАНУ: Чествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата држава, нација и идентитет

Ана Ололовска