Студенти од Куманово снимија долгометражен филм „Приказ“ во вонредни услови

Од:

Група студенти од Куманово снимија долгометражен филм – психолошки трилер насловен „Приказ“, подготвен во вонредни услови поради пандемијата со Ковид-19. Режисери се Николај Павловски и Марко Јовановски, а во екипата се 20 актери-аматери од различни етникуми и уште толку лица во продукција. Филмот е снимен на повеќе локации во Куманово, но и во Крива Паланка, Охрид и Струга.

– Беше исклучително голем предизвик да се сними филм во време на пандемија. Не само мерките, туку и стравот беше голем дека може да се заразиме и потоа да бидеме опасност за себе и за другите. Меѓутоа, се трудевме да испочитуваме сè колку што е можно повеќе. Носевме маски, држевме дистанца, миевме раце. Снимавме блиски кадри двајца по двајца, еден ден, па друг ден, а широките ги снимавме кога не важеа мерките за групно собирање. Интересно искуство е сепак, вели Николај Павловски, еден од режисерите.

Младиот актер Стефан Павличек, кој толкува споредна улога, рече дека филмот може да се класифицира како трилер, мистерија, драма на кумановски начин. Главниот лик ја истражува својата субјективна реалност, а филмот е исполнет со филозофија од Фридрих Ниче. Тоа било предизвик за младата екипа, мотивирани аматерски уметници да подготват филм.

Мислењето го дели и Јелена Стошевска која игра споредна улога. Таа вели дека екипата која го подготви филмот се млади талентирани луѓе, поточно студенти кои имаат голема почит кон уметноста и се залагаат да се забележи и развие уметноста во државата.

– Пораката е дека секој човек има свои тајни и гори внатре во себе тивко, но тој пламен може да стане поголем – да изгори и други луѓе, но и себеси. А пораката од екипата е дека сите можат, особено младите луѓе, кога сакаат нешто да постигнат – постигнуваат. Исто така, дека треба сите повеќе културно и уметнички да се ангажираат да творат и создаваат, порачува Николај.

Во зависност од условите, филмот е предвидено да биде прикажан во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, а според најавите на студентите, во план е да конкурираат на британски фестивал за аматерски филмови.

За изработката на филмот, студентите добија поддршка од градоначалникот и општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Почна снимањето на филмот „Зад стоговите сено” во копродукција помеѓу Грција, Македонија и Германија

Ана Ололовска

Објавен е официјалниот трејлер на филмот „Дара од Јасеновац“, српски кандидат за Оскар

Ана Ололовска

Србија: Државата ќе покрива најмалку четвртина од трошоците за снимање филмови и серии

Жарко Настоски

„Хомо“ на Игор Иванов-Изи во официјалната програма на фестивалот во Гоа

Ана Ололовска

Светска премиера на „Хомо“ во јануари на 51. ИФФК во Гоа

Ана Ололовска

Доделени наградите на 49. Државен фестивал на непрофесионален филм

Ана Ололовска